(ВИДЕО+ФОТО) Вонредна вест: Експлозија во Прага, во срцето на чешката престолнина

од Vladimir Zorba
115 прегледи

 Во моментов нема информации дали станува збор за несреќен случај или за терористички акт.

Експлозија го потресе централниот плоштад на Прага- Karlovo náměstí. Во експлозијата е повредено 16-годишно девојче, соопштуваат од прес-центарот на Прашката полиција.
Малку по 17 часот средноевропски време во полицијата е добиен сигнал за повредено 16-годишно девојче кое се наоѓа во телефонска говорница на плоштадот.

Во моментов нема информации дали станува збор за несреќен случај или за терористички акт.

Областа е оградена. На местото работат спасувачи и медицински лица.