
Автомобил удри во пешаци во Источен Бостон. Инцидентот се случи во близина на аеродром Логан, пренесе News Exicutive. Според првичните податоци повредени се девет лица. Двајца од повредените се во критична состојба.

На местото има многу полиција и амбулантни возила. Настраданите се однесени во болница. Возачот на автомобилот – 56-годишен маж, го испрашуваат истражители од полицијата. Во моментов не е јасно дали инцидентот е терористички акт.