(ВИДЕО+ФОТО) Вонредна вест: Разурнувачки земјотрес во близина на Неапол, има урнати згради и многу повредени

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Десетици луѓе се повредени по силниот земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтер, а според некои извори тој бил околу 4.0 степени, кој се случи вчера во текот на ноќта на популарниот туристички остров Искија крај Неапол во Италија, соопштува Corriere Della Sera.

Според зборовите на очевидците, потресот бил многу сериозен и предизвикал паника меѓу луѓето кои веднаш излегле на улицата.

Најлошо од земјотресот настрадало одморалиште Камсикола, каде што има разурнати куќи уништени. Се уште не е јасно дали под урнатините се наоѓаат настрадани луѓе, но властите објавија за неколку исчезнати лица.

Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија на островот. Полицијата, пожарникари и медицинските тимови пристигнаа на местото на настанот. Според италијанскиот геолошки институт потресот бил со интезитет од 3,6 степени по Рихтер и бил на длабочина од 10 километри. Земјата се тресела околу 21 часот. Изданието Corriere Della Sera потсетува дека најсилниот земјотрес на Искија се случилна 28 јули 1883 година. Тогаш градот Казамичола бил целосно уништен, а загинале повеќе од 2.000 луѓе