(ВИДЕО) FOX News: Апокалипсата се одложува за … 31 октомври 2016 година

од Vladimir Zorba

1465381949-gettyimages-488608418

Крајот на светот ќе се случи не само со Второто доаѓање на Исус, но и со замена на магнетните полови.

Откако крај на светот не се случи на 29 јули, како предвидуваа пророците, сега Апокалипсата се одложи за 31 октомври 2016 година, соопштува телевизијата Фокс. Тогаш ќе се случи не само второто доаѓање на Христос, а ќе следи и промена на магнетните полови само на растојание од неколку минути.

Ќе следи невиден земјотрес со глобални размери.
Апокалиптична група објави видео на YouTube со новото предвидување. Тоа е погледано 6,5 милиони пати до 1 август. “Земјата ќе се скрши и ќе се раствори”, се вели во видеото. Женски роботски глас ја прикажува трагедијата, проследена со анимации и цитати од Библијата. Последните минути од клипчето прават промоцијата на нова книга и вебсајт, дополнува FOX News.

Според НАСА промената на магнетните полови се случила неколку пати во историјата на нашата планета. Тоа е повеќе правило отколку исклучок. Во последните 20 милиони години инверзија се повторува на секои 200-300 илјади години.

Поларитетот на магнетното поле на Земјата не е константно. Планетата ни поседува магнетно поле поради цврсто железно јадро, кое е опкружено од течен океан од растопен метал.

Слични содржини