(ВИДЕО) Гинеколози ниту за лек – последниве 5 години нема нов кадар на матични гинеколози

од desk4
107 прегледи

Десетина илјади жени во скопско Драчево и околината остануваат без матичен гинеколог, информира ТВ24. Единствениот гинеколог кој работи во поликлиниката, кон крајот на годинава заминува во пензија. Нема кој да го замени. Во последниве 5 години нема нов кадар на матични гинеколози.

Дел од жителите со кои разговаравме велат дека и тој еден гинеколог не може да  покрие толку голем број на пациентки.

Околу 4 000 жени и во Ѓорче Петров немаат матичен гинеколог, откако последниот се пензионирал.

Без матичен гинеколог е и здравствениот дом Млин-Балкан. Три илјади картони останале  неприфатени.

Состојбата е уште полоша во внатрешноста на Македонија, каде жените во обидот уредно да ја следат својата бременост треба десетици километри да поминат за да дојдат до гинеколог. Голем број на трудници токму поради тоа не прават редовни прегледи.

„Ние веќе немаме капацитет, физички не можеме да постигнеме да ги прикрепиме сите пациенти.Сосотјбата ќе стане уште полошо“, вели Д-р Душко Филиповски – Претседател на здружение на гинеколози.

Во Македонија има 20 ординации од кои 5 се во внатрешноста, кои немаат договор со ФЗОМ.

„ФЗОМ треба сериозно да размисли за условите кои ги нуди за потпишување на  договор со гинеколозите“, вели Филиповски.

Но проблемот со кадар не се решава преку ноќ. Итно решение нема. Голем број на млади кадри државата ги испушти.  Додека надлежните наоѓаат начин како да го задржат кадарот, лекарите алармираат дека токму непристапноста до матичен гинеколог и отежнатото редовно следење на бременоста, се дел од причините и за морничавите бројки за смртта на новороденчиња.

Видеото можете да го видите тука