(ВИДЕО) Градската болница „8 Септември“ пред колапс – има недостаток од 180 медицински сестри

од desk2
86 прегледи
Редици пациенти, бидејќи лекарите не можат да постигнат со работа. Тензична атмосфера и метежи низ болничките ходинци. Се пренесуваат кревети помеѓу одделенија и се врши целосна реорганизација – ова е состојбата во градската болница „8-ми септември“, откако се затворија четири од седумте операциони сали, а се подготвува и затворање на две одделенија.
Телевизија 24 ја посети болницата со цел да ја пренесе атмосферата која владее таму, меѓутоа, обезбедувањето не и дозволи на нашата екипа да снима и ја избрка од болничкиот двор.
Од понеделник, дефинитивно под клуч ќе бидат одделенијата за Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентна хирургија. Причината за ова е недостатокот на 180 медицински сестри. Директорот на болницата Сашо Стојчев, вели дека е на службен пат и не може да даде изјава. Неговиот заменик, Зоран Стојановски, во кус телефонски разговор за телевизија 24 вели дека морале да преземат ваков чекор, поради незадоволството кое постојано расте кај персоналот во болницата.
„Ни требаат уште најмалку 180 медицински сестри, бидејќи оние што се вработени не можат да кренат глава од обврски и бараа да го искористат годишниот одмор, во спротивно најавуваа протести. Неколкупати баравме од Министерството да ни одобри нови вработувања, но тоа до сега не се случи. Од денеска ќе се намали приемот на пациенти и обемот на работа, се додека не се најде решение“ – вели Стојановски.
Од понеделник, болницата ќе го намали приемот на пациенти и обемот на работа, односно ќе функционира со речиси 100 кревети помалку.
Целиот текст можете да го прочитате тука