ВИДЕО: Грмежи и силен дожд го зафати Скопје

од Берта Китинска
262 прегледи

Силно невреме со грмотевици и дожд попладнево го зафати Скопје.

Според информациите на УХМР, попладнево во главниот град времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со појава на град и силен ветер.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Продолжува периодот на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се чувствува дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена.

Поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

Слични содржини