(ВИДЕО) Грција ги продолжи мерките за штедење, на синдикатите им се врзаа рацете – демонстрантите растерувани со шок бомби

од desk4
89 прегледи

Грчките парламентарци сепак денеска го одобрија најновиот пакетот предлог мерки за штедење кои повторно беа услов земјата да продолжи да добива поддршка од европските и меѓународните кредитори.

За цело време пред праламентот, додека траеше гласањето, десетици илјади граѓани протестираа пред зградата.  При тоа полицијата мораше да употреби шок бомби и солзавец за да ги разбие демонстрантите кои фрлаа камења и молотови коктели.

Вкупно стотина мерки се дел од пакетот што го одобри грчкиот Парламент. Една од најспорните одредби од предлог мерките е тоа што синдикалните организации во иднина ќе мораат да соберат поголем број потписи од своите членови за да може да организираат штрајк. Мерките ќе го олеснат и продавањето на имот што бил заложен во грчките банки.