(ВИДЕО) Груевски: Веќе одговорив на прашањето, а вистинскиот одговор ќе се добие од народот

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Премиерот, Никола Груевски, се подбиваче пијаровски  и избегнуваче  конкретно да одговори на прашањата што му ги поставија новинарите по неговото сведочење во Анкетната комисија. Кога новинарите бараа појаснување зошто седницата беше затворена, премиерот одговараше дека веќе одговорил.

Тој образложи дека побарал затворена седница за СДСМ да не ја користи приликата да создава конфликти и тензии. Сепак, Груевски не кажа што е класифицирано и доверливо во информациите кои ги изнел и дали воопшто имало такви податоци.

-Погледнете ја изјавата од пред десетина дена. Јас одговорив на тоа прашање – им одговораше претседателот на Владата на новинарите.  На барање да појасни зошто беше против медиумите да присуствуваат на седницата, тој рече:

-Ќе ја вратите снимката и ќе го видите одговорот – рече нели остроумно Груевски.

-Одговорив на сите прашања. Добар дел од нив немаа доволно прашања затоа што се исцрпеа прашањата кои сакаа да ги постават. Тоа се одговори што веќе сум ги споделил со јавноста. Покрај оваа Анкетна ќе следи вистинската, онаа на народот на 24-ти април. Одговорив совесно и на време дојдов да им ја кажам вистината во очи на оние кои сакаат да ја искриват – изјави Груевски.

Пратеникот Антонио Милошоски кратко по завршувањето на сослушувањето, рече дека седницата поминала со многу прашања и одговори, но почитувајќи го Деловникот тој во јавноста нема да изнесува дополнителни информации. Претседателот на Анкетната комисија Петре Шилегов, кој иако вети дека се што не е од класифициран карактер ќе сподели со јавноста, по завршувањето на седницата не сакаше да соопшти детали иако посочи дека информациите за кои се дискутирало не биле од доверлив карактер.

Сведочевме на торпедирање на Анкетната Комисија извршено од страна на Груевски кој одбра медиумите и јавноста да бидат исклуичени од давањето изјави. Жално е што односот на Никола Груевски е таков. Информациите не беа класифицирани, не му требаше совршен мир за да одговра, а и да беа присутни медиумите секако ќе го имаше, пршањата беа за содржините од прислушуваните материјали, но согласно законот не би можел да давам изјави во јавноста, да можеше информациите да се објават ќе излезеше  навистина добра хумористична серија. Очекувам бојкот и понатаму, јасно е дека нема интерес кај ВМРО-ДПМНЕ, рече Шилегов.

На прашање дали по испрашувањето тој го сменил мислењето за премиерот, Шилегов одговори „не е за во јавност“.

Видео А1он