(ВИДЕО) Груевски: Вредноста инсталирана во секој член на ВМРО-ДПМНЕ е вредно да работи

од desk4
71 прегледи

Водев Влада силно фокусирана на интеграциите во Европската Унија. Добивме неколку позитивни препораки, но за жал поради билатералниот проблем со Грција не започнаа преговорите со Унијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните, за време на настанот „Академија за млади лидери – дијалог за градење силно општество”, што денеска се случуваше во седиштето на опозицијата, информира а1он.

Тој истакна дека претходната Влада креирала нови работни места и била позитивно оценета од Светската банка и „Дуинг бизнис“.

„Градевме нови болници, патишта и универзитети. Вредноста инсталирана во секој вмровец е вредно да работи. Оваа влада нема капацитети за трансформација на економијата и реформите“, рече Груевски.

Тој ги посоветува младите лидери доколку бараат политичка кариера да бидат искрени и чесни во ветувањата и да гледаат истите да можат да ги исполнат. Им порача да се фокусираат на прашањата што се суштествени за граѓаните.