(ВИДЕО) Грујевски со кеса со македонски весници на судењето во Солун, одбраната побара да нема медиуми во судница

од desk4
192 прегледи

Идната среда, судот во Солун најверојатно ќе донесе конечна одлука дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрaдирани во Македонија. Денешното рочиште траеше речиси четири часа. Двајцата влегоа во судница со лисици на рацете – Бошковски облечен во тренерки, Грујевски во сако и кошула, носеше кеса со македонски весници, кои одбраната ги приложи во судот во Солун.

Но на барање на обвинетите, грчките адвокати на Груејвски и Бошковски побараа од судница да се отстрани јавноста.

Дел од објаснувањето беше дека има новинари од Скопје, посочувајќи го Алсат-М како медиум на албански јазик. Судот го прифати барањето. Неколку грчки новинари, сопругите на Грујевски и Бошковски и адвокатот од Скопје Петар Василев излегоа од судницата. Грчкиот адвокт Константинос Хаџиауну објаснува дека е пракса да се остранува јавноста за вакви случаи.

 Во неофицијални разговори со дел од судската полиција, Алсат-М дознав дека поранешните функционери во УБК објаснувале дека во Македонија прислушувале радикални исламисти, но дека тоа не го правеле незаконски. Тврделе и дека во новата влада се поставени структури на УЧК.

Како сведок во солунскиот суд денеска, сведочеше скопскиот адвокат Петар Василев. Објaснуваше каква постапка се води против Грујевски и Бошковски.

Грујевски и Бошковски по трет пат се појавуваат во судот во Солун. Претходните два пати судот се обиде да им пресуди за лажните бугарски пасоши. Грујевски се прекрсти во Христо Иванов, додека Бошковски во Неџби Хасан. За овој случај ним ќе им се суди дури идната година во мај.