(ВИДЕО) Халф на Баерн на несакајќи му додаде на Дедо Мраз за време на натпревар

од desk3
91 прегледи

Шпанскиот репрезентативец Тиаго Алкантара многу ретко прави погрешно додавање. Особено ретки се подавањата за време на натпревар кон луѓе кои не се теренот или кон оние кои дури и не постојат.

Вчера сепак халфот на Баерн беше залутан од реклама на “Алијанц Арена” при победата со 3: 0 над Разен Балшпорт (Лајпциг). Со периферна визија Тиаго видецрвен силуета кој се пробива по крилото и ја подаде топката. Излезе, сепак, дека тоа е анимиран Дедо Мраз, кој беше дел од една од рекламите крај теренот. За среќа на Шпанецот негов соиграч притрча и го совлада додавањето.

Како што е познато, Тиаго Алкантара го постигна првиот гол во победата на баварците над “црвените бикови”. Тој го отвори резултатот во 17-тата минута.