(ВИДЕО) Хан: Македонија е најдобриот негативен пример како една земја може да „забега од патот“ ако не и е овозможена европската перспектива

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера во Вашингтон одговараше на повеќе прашања. Запрашан за македонската евроатланска интеграција тој го кажа следното:

Washington Odgovor Johanes Han na prashanje od OMD

– БЈРМ е веројатно најдобриот, но во негативна смисла, пример, за тоа што може да се случи и како една земја може да „забега од патот“, ако не и е овозможена европската перспектива а истовремено и перспективата за евро-атланските интеграции. Бидејќи во 2005 и беше доделен кандидатски статус за членство во ЕУ, а во 2008 и беше дадено ветување за членство во НАТО. Овие процеси не се случија, и последиците се видливи. Причината зошто ЕУ е толку директно вклучена, не е само бидејќи чувствуваме морална обврска, туку и бидејќи не се работи само за земјата, туку за целиот регион.

Не треба да се потценува геополитичкиот импакт ако земјата не функционира, дали се етнички тензии или елементи. Со цел да се задржи европската песпектива во моментот е неопходно да се работи и да се адресираат домашните дефицитети и проблеми. Зборуваме за многу сериозна внатрешна криза, со надеж дека договорот од 2 јуни, со кој направивме голем исчекор напред и им понудивме да отвориме разговори како да се веќе дел од пристапните преговори, односно поглавјата 23 и 24, поврзани со владењеето на правото, слободата на медиумите, независност на судството и така натаму. Ќе ја примениме оваа методологија и во исто време ќе ги припремиме новите избори за кои беше постигната согласност, за да има фер, транспарентни избори и се надевам дека ова ќе придонесе за стабилизација на земјата и враќање кон европските и евро-атланските интеграции – рече Хан.