Празничните периоди се оние делови од годината кога дружбата со блиските и семејството се неприкосновени, но сепак, дел од нас се приморани да ги поминат одвоени од саканите. При тоа, добар дел се заробени меѓу летови сами на аеродромите.
Холандската авиокомпанија KLM Royal Dutch Аrlines, одлучи годинава да им го разубави времето поминато на патниците во чекање на својот лет, со топла божиќна трпеза. Но, за да го добијат јадењето, луѓето мораа да ги здружат силите и да комуницираат меѓусебно. Колку прекрасно изгледа резултатот, погледнете и самите во видеото!
https://www.youtube.com/watch?v=_j5ctflnYOQ