(ВИДЕО) ИД бомбардираше турско училиште од сириска територија, Турција возврати…

од desk3
78 прегледи

“Исламска држава” истрела проектили во средно училиште во југоисточниот дел на Турција, при што загинаа најмалку едно лице и повредувајќи неколкумина, соопшти агенцијата “Ројтерс”, повикувајќи се на свои воени извори. Нападот е извршен во пограничниот град Килис.

Убиена е жена, која работела во училиштето, и барем една ученичка е повредена, соопшти валијата нa регионот, цитиран од новинската агенција “Ројтерс”. Државната новинска агенција “Анадолу” пријави за тројца повредени.

Два други проектили, исто истрелани од Сирија, паднале во поле во близина на зградата, соопшти градоначалникот на градот Хасан Кара пред телевизијата NTV.

238352

Училиштето и соседните институции се евакуирани, објави “Заман”.

Килис се наоѓа во близина на територија во Сирија, контролирана од “Исламска држава”. Градовите во регионот често се предмет на артилериски напад од џихадисти.

По нападот во Истанбул минатата недела армијата на Анкара започна бомбардирања против “Исламска држава” во Сирија и Ирак и веќе убила над 200 борци на групата, соопшти премиерот Ахмет Давутоглу.

Турските воени сили по кратко време нанесоа одмазднички удар по позиции вото Сирија, од каде беше бомбардирано училиште .