
Дефанзивецот на Краснодар Налдо направи предлог за брак на својата девојка Џулијана на теренот на новиот стадион на тимот, објави официјалниот сајт на “биковите”.
Бразилецот ја однел девојката на стадионот под изговор дека има договорено интервју со новинарите. На теренот, сепак се покажало дека има посебна подготовка и Налдо паднал на колена за да се направи предлог, на кој Џулијана одговорила позитивно.