ВИДЕО: Илјадници поддржувачи се простија од Берлускони, поранешниот италијански премиер ќе биде кремиран

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде кремирано, а неговата пепел ќе биде положена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извор близок до семејството.

Голем број функционери и граѓани на Италија за последен пат го испратија поранешниот премиер и бизнисмен Силвио Берлускони.

Марта Фашина, неговата партнерка, плачеше кога ковчегот беше внесен во катедралата во Милано. И децата на Берлускони не можеа да ги задржат солзите на почетокот на церемонијата.

Многу граѓани, пак, се бесни што таква чест му се покажува на трикратниот премиер и медиумски магнат, кој го следеа многу скандали – меѓу кои и неговите познати секс оргии! Десетици илјади поддржувачи на Берлускони сепак се собраа на плоштадот за да го следат процесот во живо на огромните екрани и аплаудираа додека ковчегот се носеше низ вратите на катедралата.

На погребот присуствуваат 2.300 луѓе, вклучувајќи членови на семејството, пријатели, светски лидери, клучни сојузници.

Слични содржини