
Откако полуостровот Истра ја погоди бура, таасе пресели во внатрешноста на Хрватска и предизвика хаос во главниот град Загреб, објави Index.hr.
Во Карловац падна пороен дожд, кој за неколку часапристигна и во хрватската метропола. Силниот ветер ги оштетил трамвајските линии во центарот на Загреб и искорна десетици дрвја што го блокираа сообраќајот на булеварите.
Сепак живата на термометри не забележа сериозен пад на температурите.