(ВИДЕО) Индија успешно ја истрела најмоќната ракета-носител

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Индија успешно ја истрела најмоќната ракета, способна да носи товар со тежина до 4 тони, пренесоа светските агенции.

Ракетата-носител беше истрелана од космодромот на островот Шрихарикота, при што во орбитата беше позициониран телекомуникациски сателит..

Со тежина од 3.136 килограми сателитот GSAT-19 е најтешкиот товар, кој беше понесен во вселената од оваа земјата.

Досега Индија се потпираше на странски “играчи” во бизнисот за истрелување на товар со тежина над 2,2 тони.

Постигнувањето претставува значителен успех за Индија, бидејќи и дава надеж на земјата за поголем удел во најдоходовната индустрија, како и за остварување на идни мисии.

Досега само САД, Русија, Кина, Јапонија и Европската вселенска агенција располагаа со можноста да испраќаат во орбитата сателити со тежина над 3 тони.

Истовремено САД, Русија и Кина се единствените земји во светот, способни да истрелуваат мисии.