![]()
Претседателот Ѓорге Иванов кој испрати писмо до меѓународната заедница во објаснувањето зошто не го доверил мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно се повика на член 84 став 1 од Уставот. Според поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски, во разговорот за а1он вели дека членот 84, каде пишува дека претседателот го определува мандатот за составување на Влада е јасен дел од Уставот, а е дообјасент со членот 90.
– Веќе член 90 од Уставот дава појаснување дека претседателот е должен мандатот да го довери на кандидат на политичка партија или политички партии кои имаат обезбедено мнозинство во Собранието. На претседателот не му дава никој за право нему да бира како и кому ќе го доверува мандатот, рамките за доверување на мандатот се дадени во рамките на Уставот, вели Ивановски за А1он.
Според него, Иванов со давањето мандат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски сакал да помогне нечии интереси, по што навлегол од проблем во проблем.
Целиот текст можете да го прочитате тука