(ВИДЕО) Јагленисано човечко тело пронајдено по пожарот во бараката во која живеел

од desk2
93 прегледи
Јагленисано човечко тело, остатоци од изгорената барака и расфрлана скромна покуќнина е сликата што рано изутрината можеа да ја видат жителите на улицата “Скопска“ во Кочани, информира ТВ24.
Таа е последица на пожарот што ноќеска околу полноќ избувнал во нивното соседство. Рекоа дека во импровизираниот дом веќе извесен период живеел 62-годишен човек, за кого роднини кои се најдоа на лице место потврдија дека се работи за Ванчо Сантов, чие мртво тело се наѕираше низ металните остатоци.
„Дојдов да видам, да се уверам, сепак сме братучеди, роднини сме. Тука живееше, услови никакви, ниту струја, ниту ништо, толку знам, два три пати имам дојдено, повеќе немам доаѓано“ – вели роднина на починатиот.
Целиот текст можете да го прочитате тука