
И денеска исто како и вчера не стивнуваат провокативните прашања од пратениците на власта кон обвинителката Катица Јанева и бурните реакции на истите пратеници на нејзините одговори. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски ја праша Јанева колкав е нејзиниот личен капацитет за водење на СЈО, пренесува Нова.
-Дали вие како обвинител сте воделе случаи каде за кривични дела чија казна е над 5 години? Дали сте воделе случај во Гевгелија за злосторничко здружување и какво е Вашето портфолио? Дали согласно денешните критериуми сметате дека би успеале да влезете во Академијата за судии и јавни обвинители, праша Милошоски.
На ова, Јанева која цело време расправата ја следи со слушалки, прокоментира дека го слушала Милошоски концентрирано, исто како што слушала и во прислушуваните разговори, а за нејзинот личен капацитет го упати да побара одговор од нејзиниот поранешен шеф, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Видео: Радио Слободна Европа