(ВИДЕО) Како да нацртате флорална костурска глава за Ноќта на вештерките

од Vladimir Zorba
257 прегледи

На 31 октомври, многу локали ќе ја прослават Ноќта на вештерките со тематски забави. Ако сакате да прославувате вечерва, но не сте сфатиле како да се маскирате, тука е сугестијата за шминка која ќе ги истакне вашите очи.

Многу шминкери објавуваат видеа на социјалните мрежи, покажувајќи чекор по чекор како да се постигнат карактери како скелет, ѓавол, вештерка и така натаму. За таа цел тие користат сенки, шајнери во прав, црн молив, кармин и разни самолепливи орнаменти. Но, вистината е дека ако одиме во салон и сакаме да се маскираме така, ќе мора да потрошиме многу пари.

Мелиса Самлајс е една од многуте кои им даваат идеи на своите следбеници за Ноќта на вештерките. Неодамна таа објави видео на YouTube со уникатна шминка со цветни мотиви, која може да биде направена во домашни услови. Погледнете како: