(ВИДЕО) Како се шминкав во средно?

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Средношколските денови, барем до пред неколку години, беа периодот за првото запознавање на девојките со корективната козметика. Шминките се разменуваа и дознаваа од другарките, а многу често и се крадеа од постарите сестри и мајките. Иако од подоцнежна временска дистанца повеќето од нас сме свесни колку лоша услуга сме си правеле со “разубавувањето“, во тие мигови ние бевме убедени дека сме мејкап професионалци.hqdefault

Добро, во недостиг на интернет туторијали, со ограничен буџет и прекорните погледи од родителите и наставниците, па и не можело кој знае колку подобро да го исполниме потфатот.

Како и да е, ако ги сумираме сите техники и поуспешни и понеуспешни обиди, главните елементи на средношколската шминка ќе бидат: црн креон во (да, внатре) во окото, неколку тонoви потемна пудра (најчесто Импала) со задолжителна линија под брадата и во повеќе слоја (за да можат момците слободно да ја наречат паштета), многу светол коректор, по некоја седефаста бела сенка, многу слоја маскара и колку е можно по зејтинест сјај на усни, безбоен или во розово!

Руменило не постоеше во несесерот зашто сè што е црвено требаше да се покрие, а моливче за веѓи користеа само оние кои воопшто немаа, додека другите ги сакаа колку е можно потенки!

Во продолжение ви прикажуваме едно многу искрено видео на една јутјуб блогерка која денес дава успешни совети за шминкање, но беше доволно искрена да сподели дека ниту таа не блескала во своите средношколски денови.

Иако, за волја на вистината, таа располагала уште тогаш со многу повеќе производи од тоа што некои од нас го користиме денес, во голем дел од техниките можеме да го препознаеме нашето тинејџ-јас!