„Преговорите продолжуваат. Чекаме“, кратко изјави претседателот Биљал Касами пред средбата со мандатарот Зоран Заев во Собранието.
Слична беше изјавата на Фатон Фазлиу од Движењето БЕСА по средбата на Билал Касами со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека се уште нема договор помеѓу партиите. Фазлиу рече дека БЕСА нема да отстапи од барањата кои што ги имаат доставено до СДСМ, како услов за влегување во новата влада.

На новинарско прашање дали има некакво доближување во преговорите, Фазлиу рече дека БЕСА нема да отстапи од своите принципи и нема да прави компромиси.
Тој додаде дека принципите на БЕСА се добро познати на јавноста и дека ќе разговараат и во наредните два дена, по што ќе се знае дали БЕСА влегува во владата.
Од Беса, за да ја поддржат новата влада, бараат од СДСМ во неа да нема осомничени лица и да се вклучи декларацијата што ја потпишаа партиите на Албанците во Македонија. За СДСМ е целосно неприфатливо нивното барање за редефинирање на државата.
Викендов преговорите продолжуваат.
Видео – ТВ21