
Извикувајќи „Надвор окупациските сили!“ и „Улиците ќе останат наши“ околу 300 000 луѓе излегоа на улиците на каталонската престолнина Барселона, објавија властите на областа во која во неделата се одржа референдум за отцепувањето од Шпанија. 90% од избирачите го дадоа одговорот „да“ на прашањето
„Дали сакате Каталонија да стане независна држава во форма на република?“, беше прашањето на излегоа повеќето каталонци.
Демонстрантите развиорија знамиња на Каталонија и протестираа против појавите на полициско насилство за време на забранетиот од Мадрид неделен референдум за независност на Каталонија.
Колони од луѓе се собраа во центарот на Барселона додека целата област објави генерален штрајк, а над народот леташе полициски хеликоптер што предизвикува гневни свирежи.