(видео) Кејт Мидлтон има рак

Кејт Мидлтон, која во јануари имаше операција на абдоменот по што долго време не беше видена во јавноста, сега проговори и откри лошата вест: има рак кој ѝ бил откриен на постоперативните тестови.

од Бети Божиноска

Британската принцеза Кејт, која предизвика лавина од шпекулации со долгото отсуство од јавноста и скандалот со фотошопирната семејна фотографија што ја објави за Денот на мајката, денеска излезе со шокантна објава.

Кејт Мидлтон, која во јануари имаше операција на абдоменот по што долго време не беше видена во јавноста, сега проговори и откри лошата вест: има рак кој ѝ бил откриен на постоперативните тестови по нејзината операција на абдоменот во средината на јануари.

„Ви благодарам за сите прекрасни пораки додека закрепнував од операцијата. Беа тешки неколку месеци, но имав одличен медицински тим кој се грижеше за мене. Во јануари имав операција, која беше успешна, но се покажа дека присутен е рак. Мојот тим ме советуваше дека ми треба хемотерапија,“ вели таа.

„ Беше голем шок, јас и Вилијам правиме се, потребно е време. Ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин што е соодветен за нив и да ги увериме дека ќе бидам добро. Како што им реков, јас сум добро и станувам се посилна секој ден со тоа што се фокусирам на работите што ќе ми помогнат да заздравам“, рече Кејт, истакнувајќи дека нејзиниот сопруг Вилијам, принцот од Велс, е покрај неа и ѝ е „извор на утеха и сигурност“.

„Се надеваме дека ќе сфатите оти, сега ни треба малку време простор и приватност како семејство додека ја завршувам терапијата. Мојата работа отсекогаш ми носи длабоко чувство на радост и со нетрпение очекувам да се вратам кога ќе бидам во можност, но засега морам да се фокусирам на целосно закрепнување“, рече Кејт, порачувајќи „Никогаш не губете надеж, не сте сами“, во видеото објавено на социјалните мрежи.

Од Кенсингтонската палатата соопшти дека нема да објавуваат детали за тип на рак од кој страда принцезата или за степенот на напреднатпст на болеста, барајќи од јавноста да престанат со шпекулациите.

Во моментов, и британскиот крал Чарлс се лекува од рак.

Слични содржини