(ВИДЕО) Кендал Џенер била толку пијана на роденденот што заборавила дека и поклониле автомобил

од desk2
98 прегледи

Кендал Џенер го помина нејзиниот 21-ви роденден со јадење, танцување и легално пиење за прв пат, како и многу други луѓе што го прават тоа. Но за разлика од многумина, таа исто така доби и “Rolls-Roys” од нејзината мајка, Крис Џенер.

800x400-kendall-jenner-rolls-royce

Тоа беше добра вечер, всушност толку добра што Кендал заборавила на подарокот, изјави нејзината сестра Клои Кардашијан кога се појави во шоуто на Џими Кимел, минатата вечер:

“Ова утро и велев на Кендал “Се сеќаваш ли? Толку е кул што доби нов автомобил. Како го донесе дома?” и таа беше како “О, боже, заборавив дека добив автомобил минатата вечер”. Ете толку беше пијана. Таа многу беше пијана на нејзиниот 21-ви роденден.”

Интересно е тоа што Крис не и ги дала клучевите од автомобилот туку некој атрактивен странец, како што раскажува Клои:

“Ние излеговме надвор и таму имаше “Rolls-Roys” и овој човек стоеше таму. Јас бев толку збунета, си велев “што е подарокот: автомобилот или човекот”. И тогаш тој на Кендал и ги даде клучевите од автомобилот.”