(Видео) Кога од емитувањето во живо ќе остане само прашина

од desk2
80 прегледи

Камерманот на американска телевизија требало да го сними моментот кога се урива стадионот во Џорџија, кој можеше да прими 80.000 луѓе, но емитувањето во живо не помина најдобро.

Имено, во моментот на уривање, пред камерата се испречува автобус.

Арената во Атланта беше домаќин на Олимпијадата во 1996 година, а во понеделник беше урната со контролирана експлозија.

„Не, замини, замини“, се слуша на снимката. „Тргни се од патот, побрзај“, а се слушаат и куп пцовки.

Во моментот кога автобусот заминува од кадарот гледачите можеле да го видат облакот прашина што се крена од уривањето.

Надлежните од Атланта упатија извинување до телевизијата.

Повеќе од 2.000 кг експлозив се искористени за уривање на арената отворена во 1989 година, чија изградба чинеше 214 милиони долари.