Џемаил Реџепи алијас Командант Шќипоња неодамна во изјава за агенцијата ИНА најавил дека во последно време е вознемирен за ситуцијата во ДУИ, но и за Албанците во Куманово-јави Кумановски Муабети.
Слушнав од луѓе кариеристи, луѓе фотелјаши како коментираат дека Шќипоња не е во добри односи со Али Ахмети. Кога е во прашање Куманово, јас секогаш ќе бидам против оние кои не му мислат добро на граѓаните на Куманово.
Јас сум бил главен во многу акции во 2001 заедно со моите соборци. Јас се надевам и потполно сум сигурен дека патот што го одбравме јас и моите соборци и членови на ДУИ, овојпат ќе донесе победа во Куманово, пишува косовскиот весник Ботасот, пренесувајќи неодамнешни изјави на Шќипоња.
Командант Шќипоња, роден 1970 година, како го нарекуваа неговите соборци од 2001, на македонската јавност е познат од кризата во Липковскиот крај како командант на вод во борбите во село Матејче, но и како човек кој беше вмешан во вооружен напад кај наплатната станица во Романовце во 2003 година, кога во општа бркотница рани Косовец.
Интернет порталот Алмакос пак пишува дека на 15 јуни оваа година, командант Џемаил Реџепи- Шќипоња предвидел дека би можел да стане цел за физичка ликвидација. Такво предвидување тој откри , еден ден откако претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и го прекршил статутот на партијата и го назначил за шеф на филијалата Бајрам Лиман, без одржување на изборниот собир на филијалата.
Шчипоња пак соопшти дека членовите Кумановскат гранка го поддржувале со апсолутно мнозинство, и е подготвен да го даде својот живот, само за да ја оправда довербата за нив.
“Почитувани граѓани на Куманово јас Џемаил Реџепи-Орел јавно на ТВ Алсат-М на 4 јануари реков дека не милиметар нема да пошуштам кога станува збор за власта на ДУИ во Куманово, и нагласив уште еднаш преку мрежата на ФБ како ќе биде до крајот,-ако има апсење, физичка ликвидација, вашиот командант Шчипоња Куманово нема да го отстраните како претседателот на филијалата, до последниот здив. Бог да ни помогне, Бог нека не ги благослови сите Албанци.- напиша Реџепи во својот одговор на “Фејсбук”.
Универзитетскиот професор Алајдин Демири пак за РСЕ вели дека конфликтот меѓу идеалистичкото и бирократското крило во ДУИ траат од основањето на партијата, а убиството во Куманово е само еден од низата внатрепартиски конфликти.
„Тука постојат две струи – оние кои се концептуалисти и кои сакаат принципиелна политика и бирократите, односно функционерите, кои за несреќа ги водат Али Ахмети и Муса Џафери и тие прават модерна политика, односно политика на компромиси, која завршува со политика на збогатување, тендери итн. Од друга страна, кај овие идеалисти, односно концептуалисти, се јавува огромно незадоволство“, вели Демири.
Четворица активисти на ДУИ беа ранети во меѓусебна вооружена пресметка минатата година во скопското село Кондово. Медиумите тогаш пишуваа дека се судриле групи приврзаници на пратеникот Рафиз Алити и тогашниот министер за правда Блерим Беџети, исто така околу тоа кој ќе го води општинскиот партиски огранок. Пред два месеци, пак, беше фрлена бомба кон седиштето на ДУИ во Мала Речица.
„Ако добро се проанализира, од 2001 година досега има повеќе команданти убиени од страна на ДУИ отколку во војната, што во суштина укажува на таа непринципиелна и неконзистентна политика на ДУИ“, вели Алајдин Демири.