Живее во општината која ја раководи. Знае колкаво е атмосферскотто загадување и вели дека е засегнат од изградбата на висококатница на зелена површина која тој ја предложи со новиот детален урбанистички план. Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коенвски сепак, повеќе е загрижен колку пари ќе влезат во буџетот на општината, пренесе Телма.

5 дена во него е вперен прстот од страна на опозициската СДСМ и граѓанската иницијатива „Аеродром дише“ дека му дозволува на познат скопски бизнисмен преку носење урбанистички план да изгради 8-катница лепенка до здравствената установа „Мајчин дом“. По жестока расправа советниците кои го изгласаа спорниот ДУП синоќа едносгласно го отфрлија и предлогот на советниците од СДСМ со ново решение дупот да се стави вон сила.
Еден од аргументите на советниците беше дека нивниот мандат и мандатот на градоначалникот Коневски е истечен за што реагирше и СДСМ.
Огранкот на СДСМ во Аеродром тврди дека земјиштето со површина од 3500 метри квадратни е во сопственост на фирмата „Масивконстракшн“ на бизнисменот Орце Камчев. Оттаму, пак, признаваат само 20 отсто учество во оваа фирма и негираат дека е подигнат кредит за ова земјиште. Планот понатаму предвидува проширување на паркинзите за потребите на високатницата и сечење на дрвја зад трговскиот центар „Три бисери“ за што пристигнале трисетина забелешки на адресна на општината да не го носи овој детален урбанистички план.