(ВИДЕО) Коцевски: Ќе отвориме граѓански сервис центар

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Отворање нов граѓански сервис центар, во кој граѓаните на Општина Велес на едно место ќе можат да ги остварат сите нивни барања и потреби, поврзани со добивања на одредени услуги и документи, како од локалната самоуправа, така и од органите на централната власт, најави кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ и Коалицијата, Аце Коцевски.

Планираме, рече, тој проект да биде реализиран во партнерство со Владата на Република Македонија и неколку министерства и потоа да биде реализиран и во останатите општини во Република Македонија.

На тој начин, потенцира, граѓаните на Велес ќе добијат многу побрзи, поквалитетни и поевтини услуги, наместо да одат, да талкаат, од еден до друг шалтер, како што е тоа во моментот.