Три поединечни истрели се слушнаа во Куманово некаде пред 8 часот, откако градот проживеа крајно тензинчна но мирна ноќ.
Како што јавуваат граѓаните кои живеат на излезот на градот кон Скопје, амбулантна кола се упатила кон главниот град, но засега немаме информации за што точно се работи.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамнаоновски -Циц за НОВА вели дека утрово во градот, помеѓу 6.30 и 7.30 се слушале кратки рафали и детонации, но сега веќе е мирно. Тој најави дека оди во тој дел од градот, да се информира за состојбата.