Линдзи Лохан испрати покани за прославата на својот роденден до Бритни Спирс, Парис Хилтон и Бијонсе. Актерката тоа го направи преку нејзиниот профил на Твитер.

Лохан се упати кон грчкиот остров Миконос, каде на 2 јули планира да го прослави 31-от роденден. Јавно сепак бара друштво.
Не е јасно дали ѕвездата воопшто некогаш се сретнала со Бијонсе, но во предвид дека таа се породи пред неколку дена, едвај ќе може да дојде. Бритни Спирс има концерт закажан за 3 јули во Тел Авив, па и таа најверојатно нема да присуствува на забавата. Под прашање останува Парис Хилтон.
По поканата на Лохан објавена на социлјаната мрежае веднаш се појавија фотографии на Линдзи, Бритни и Парис како се забавуваат на нејзината прослава во 2006 година.
Сликата е придружена со Слоган од предизборната кампања на претседателот Доналд Трамп “Мake America great again” (Да направиме Америка повторно голема). Видете го клипчето од последниот роденден на Линдзи Лоан, на кој присуствуваа Бритни и Парис во 2006 година.