(ВИДЕО) Мараја Кери зела „трева – марихуана„ за празниците, дрогирана се тетеравеше на срамниот настап на Тамјс сквер во Њујорк

од Vladimir Zorba
94 прегледи

 

Папараците ја фатија Мараја Кери како купува марихуана во туристичкиот град Аспен, Колорадо во пресрет на Божиќ.

Тоа се случило само една недела пред нејзиниот срамен настап и пад на Новата година, кога 47-годишната поп ѕвезда и не успеа да испее речиси ништо на сцената на Тајмс Сквер во Њујорк.

Пејачката се обиде ова фијаско да го објасни со дефект или подметнаат саботажа за неуспехот на исполнувањето на својот симбол хит “Emotions”, но организаторите на празничното шоу категорично ја негираа својата вина за нејзината апсолутна дезориентација на сцената.

Според жолтите медиуми Мараја употребила дрога пред новогодишното шоу и тоа е во основа причина за нејзиниот гаф.