
10 страници за десет одговори на исто толку прашања за влијанието на Џорџ Сорос преку невладниот сектор во земјава. Поранешниот премиер, Никола Груевски во т.н. „мега интервју“ за медиумот Република во денешното продолжение ќе заклучи дека невладините работат против него, исто онолку колку што и помагаат на опозицијата, информира Телма.
Ваквата негова реторика е последица на лошиот изборен резултат, па после секоја партија избори тој има нов непријател, смета Бојан МАричиќ од невладината, Центар за европско образование. Ако во 2011 тоа беа медиумите кои го критикуваа, во 2014 фокусот се стави на “странски служби“, сега прстот е вперен кон невладиниот сектор.
Според, Маричиќ, не случајно Груевски во партискиот проглас предвидува „десорсоизација“, а сега на долго и широко критикува во своето интервју. Граѓаните благодарејќи на невладините со години протестираат против погрешните политики на власта предводена токму од него.
Целиот текст можете да го прочитате тука