
Расел Вестбрук го регистрира петтиот последователен трипл-дабл во победата на Оклахома Сити Тандер против Њу Орлеанс со 101: 92. Показателите на Вестбрук се 28 поени, 17 скока и 12 асистенции.
За последно Мајкл Џордан запиша неколку последователни натпревари со трипл дабл. Дуелите беа седум, а тоа се случи во 1989 година. Рекордот е на Вилт Чембрлен – девет натпревари во 1968 година.
Серија од трипл-дабл во НБА:
9 – Вилт Чембрлен (1968)
7 – Мајкл Џордан (1989), Оскар Робертсон (1961)
5 – Оскар Робертсон (1961), Вилт Чембрлен (1968), Расел Вестбрук (2016-продолжува)
Најмногу трипл-дабл во историјата на НБА:
181 – Оскар Робертсон
138 – Меџик Џонсон
107 – Џејсон Кид
78 – Вилт Чембрлен
59 – Лери Бирд
47 – Расел Вестбрук