(ВИДЕО) Маж во Грција кој тврди дека убил две лица се забарикадирал вооружен со граната

од Milan1
45 прегледи

Маж кој тврди дека убил две лица се забарикадирал вооружен со граната во столарска работилница во селото Гонои, во грчката област Тесалија, а на местото на настанот се распоредени специјални полициски сили, јавуваат денеска грчките медиуми.

Осомничениот, кој има околу 60 години, се јавил во полиција велејќи дека убил две лица, а полицајците потоа го пронашле телото на една од жртвите, за која се претпоставува дека е од ромска етничка припадност, пишува „Екатимерини“.

Локалните медиуми јавуваат дека осомничениот е познат по неговата политичка активност во екстремно десничарската партија Златна зора, а претходно бил нејзин кандидат за пратеник. Во моментов се водат полициски преговори со осомничениот.

Слични содржини