Во вторникот вечер еден маж загина во Париз обидувајќи се да сурфа на покрив од вагон од метрото.

Несреќата се случила во 19 часот на возот број 6 во близина на Ајфеловата кула.
Националноста на 21-годишникот не е позната. Инцидентот доаѓа десет месеци откако Британец се обиде да се качи на покрив од воз од метро во Париз. Неговите пријатели негираа дека тој се обидел да сурфа.
Според очевидец на несреќата од вторникот, момчето се качило на покривот на метрото кога тоа тргнало од станицата, а починал веднаш штом паднал на пругите.
„Кога возот ја напушти платформата, тој го сврти грбот на нискиот мост кој доаѓаше. Тој им се насмеа на оние кои го гледаа, а потоа слушнавме како луѓе врескаат на станицата, затоа што тој беше фрлен од возот удирајќи во мостот. Беше застрашувачки“, додава сведокот.
Сурфањето на воз е опасно и забрането во Франција. Сепак на социјалните мрежи постојано се појавуваат фотографии од луѓе кои сурфаат, а во позадина се гледа Ајфеловата кула.
https://www.youtube.com/watch?v=iq1eLWZUmuk