Во Националниот парк Банф во Канада се наоѓа глечерското езеро Миневанка кое крие потопен град од крајот на 19 век.

Езерото во Алберта на површината изгледа како и секое друго. Окружено со крошни од дрвја, длабоко е 142 метри, а се простира на површина од околу 20 квадратни километри.
Се работи за место кое привлекува љубители на природата, кајакари, планинари и велосипедисти.
Сепак, многу посетители не знаат дека под оваа огромна количина вода се крие град кој е можно да се истражи со нуркачка опрема. Во прашање е туристичкото место Миневанка Лендинг, основано кон крајот на 19 век, во кој се наоѓале четири авении, три улици, неколку куќи, хотели и ресторани.
За да се снабди подрачјето со електрична енергија, жителите во 1912 и 1941 година изградиле брани во рамки на електраната Калгари. Нивото на езерото е подигнато за 30 метри, а тогаш е потопено и туристичкото одморалиште.
„За време на Втората светска војна фалеше енергија. Калгари и околината значително нараснаа и им беше потребна струја, а езерото Миневанка беше одговор на сите нивни проблеми“, објаснува археологот Бил Пери од организацијата Паркови на Канада.
Иако поголемиот дел од објектите биле изградени од дрво тие не иструле. Напротив, студената глечерска вода ги зачувала потопените згради, кои секоја година се посетени од околу 8.000 нуркачи.