(ВИДЕО) Мицкоски пристигна во Владата на средба со Зоран Заев

од desk4
152 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пристигна во Владата каде што ќе одржи средба со премиерот Зоран Заев, информира а1он.
Средбата следува два дена по изборот на Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на партијата во Валандово.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, вчера му посака среќа на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека нема предрасуди да се сретне со него.

„Драго ми е што заврши конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам конструктивен процес и критички осврт на опозицијата. Немам предрасуди да се сретнам со Мицкоски. Засега немаме договорено средба, но би го поканил да се сретнеме во првата можна пригода“, рече Заев.