(ВИДЕО) Мицкоски: Целокупната одговорност од овој момент натаму е на Владата, како ќе го води процесот

од Vladimir Zorba
288 прегледи

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и дека ВМРО-ДПМНЕостанува на браникот на заштита на националните и државните интереси, пренесе А1он.

„Министерот Димитров и премиерот Заев нè информираа за текот на преговорите и беше презентиран предлогот од Нимиц, којшто повеќе или помалку ѝ е познат на јавноста. Од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите за спорот со соседна Република Грција е на Владата. ВМРО-ДПМНЕ е силен поддржувач и останува на позицијата дека Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси на Република Македонија“, рече Мицкоски и на новинарско прашање уште еднаш потенцираше дека целокупната одговорност од овој момент па натаму е на Владата, иако рече дека ВМРО-ДПМНЕ со тоа не се дистанцира од процесот.

Според него, ваква средба требало да се случи порано. Тој не откри повеќе детали од состанокот за да не го наруши процесот.

Видео – А1он