Tommy Hilfiger ја претставија својата ревија, отворена за медиуми и обожаватели на брендот во Њујорк.
Таа симболизира нова ера во демократската мода, линијата е издржана целосно во концептот на “Види сега. Добиј сега “.
Новата ера за модната куќа започнува со кршење на старите правила за ревиите и давање на целосен пристап до колекцијата есен 2016 и капсулната колекција во соработката со Џиџи Адид.
Погледот е насочен кон култниот ракопис со спортска, рок и карактеристична американска инспирација.
Игрите со пропорциите и материјалите се користат за да се фокусира на детали. Во однос на соработката со Џиџи Адид, самиот модел е светски амбасадор на женските линии, вклучувајќи облека, чевли, додатоци, очила, часовници и парфем.
Се разбира, предлозите претставуваат синергија на култниот ракопис на модната куќа и личниот стил на супермоделот.
На церемонија видовме топмодели како Шанел Иман, Тејлор Хил, Сара Сампајо, Хејли Болдвин, Стела Максвел и други.
“Ова е нова ера за Tommy Hilfiger. Ние ги прекршивме старите правила на ревиите и затоа дадовме пристап до колекциите Hilfiger Есен / Зима 2016 и TommyxGigi на присутните уште за време на шоуто. Тоа се златните хитови, претставени во нов стил и светлина во ерата на дигиталните уреди. Се обложуваме на класиката која ја изградивме во последните 30 години – морска, спортска и рокенрол тематика и ѝ дадовме младински бриз. Ги променивме пропорциите и материјата на облеката, за да се истакнат нивните детали. Морската тематика се дополнува со уличниот стил. Колекцијата е инспирирана од Џиџи Адид и е создадена да биде носена спрема личните преференци. Тоа е шоу што секогаш сум сакал да го создадам – мода, која е блиску до луѓето. “, изјави самиот Томи Хилфигер.
Снимките од шоуто и скици на Џиџи Адид можете да видите во нашата галерија , а тука е и ексклузивно видео од целата ревија.
https://www.youtube.com/watch?v=VajteSddMO0