Дидие Маруан и неговиот адвокат се товарат за уцена против руската ѕвезда.

Францускиот изведувач Дидие Маруан и неговиот адвокат Игор Трунов се приведени во Москва за време на потпишување на договор со кралот на руската поп сцена Филип Киркоров. Околностите од задржувањето се разјаснуваат. Според некои податоци, тие се осомничени за изнуда, соопшти life.ru.
Медиумот има видео од канцеларија на “Сбербанк”, во која поминала средбата меѓу Киркоров и францускиот изведувач кој го обвинува рускиот колега за плагијат. Изведувачите и адвокатите, Александар Добровинскиј и Игор Трунов имаат поминато во зградата околу половина час. Потоа банката била опколена од полиција, а францускиот композитор и неговиот адвокат – приведени.
Посетители на банката, цитирани од gazeta.ru, раскажуваат дека Киркоров дошол во банката, но брзо си заминал. Подоцна неговиот бел Maybach бил забележан пред зградата на главната управа на Министерството за внатрешни работи во руската престолнина.
Французинот беше сослушан во зградата на банката, а по 2 часа однесен кон главната упарава.
Тој давал отпор и полицијата морадал да користи сила.

Според life.ru. адвокатот на Филип Киркоров Александар Добровинскиј изјави дека Трунов и Маруан се приведени во Москва заради уцена. Тие барале од неговиот клиент 1 милион евра.
Според колешка на француската ѕвезда пак Маруан и адбокатот Трунов станаа жртви на провокација од страна на адвокатот на Киркоров.
На 1 ноември Дидие Маруан соопшти на официјалниот профил на групата Space дека поднел тужба во Московскиот градски суд поради песната на Киркоров “Жестока љубов”. Французинот тврди дека неговиот руски колега е украл парче од Symphonic Space Dream. Тужбата е против пејачот, композиторот Олег Попков, телевизискиот канал “Россия”, издавачките компании Sony и ООО “Филип Киркоров продакшън”. Маруан инсистира од судот да му забрани на Киркоров да врши изведба на песната, а секој кој ќе ја пушти од обвинетите ќеа плати 5 милиони рубљи за кршење на авторските права и уште 50 милиони за нанесена морална штети. Французинот дознал за постоењето на парчето на Киркоров и сличноста со хитот Space половина година пред да поднесе барање за плагијат.