(ВИДЕО) Момче со церебрална парализа ја фрли помошната количка за да финишира во триатлон

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Бејли Метјус, 8, се борел со церебралната парализа целиот свој живот. Оваа недела тој се натпреваруваше на „Касл Хауард Триатлонот“ (Castle Howard Triathlon) во Северен Јоркшир, Англија. 11760200_1014324508608274_2045639737262815583_n

И како тоа да не е доволно, тој ја заврши трката без својата помошна количка за движење.

По 100 метарското пливање во езеро, возење велосипед 4 километри и трчање 1,300 метри, тој одлучи да го остави помагалото и да го помине финишот со стил.

Неговата мајка Џули Хардкасл, за  The Yorkshire Post, изјави: „Можете да го видите неговото мало лице кога пристигна и ги виде сите, тоа беше негов начин да финишира со стил и им покаже на сите што може да направи. Тоа беше одговорот на публиката која го поддржуваше да го стори тоа.“