(ВИДЕО) Моментот кога се случи големиот земјотрес во Охрид

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер денеска го затресе Охрид. Илјадници граѓани и туристи денот го поминуваат на улиците, на градскиот кеј или во своите дворови, плашејќи се дека градот повторно ќе биде погоден од посилен земјотрес. Во текот на изминатите две недели во Охридскиот регион имаше над 800 земјотреси.

Земјотресот со јачина од околу 5 степени по Рихтер кој го потресе Охрид бееше регистриран околу 13.09 часот. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри.

Тлото во охридско се тресе од 18 јуни, а до денеска е забележана серија од над 800 земјотреси.
Фото+Видео: Охридпрес

ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ОХРИД ПАДНАА БАЛКОНИ, ПУКНАТИ ЅИДОВИ, ПАДНАТИ ПРОИВОДИ ВО МАРКЕТИТЕ


Предизвикани се и помали штети на градбите, но најкарактеристичен е паднатиот балкон на куќа.

Од фотографиите поставени од жители на Охрид, поставени на специјализираната европска страница за земјотреси, EMSC, се гледаат и напукнати ѕидови на повеќе згради и куќи, како и паднати производи во маркетите.

Во последнот период охридско-ресенското подрачје е погодено од повеќе од 800 помали земјотреси, а денешниот беше најјак, што се почувствува и во Скопје, како и во Албанија и Грција.