ВИДЕО: На Ердоган му се слоши за време на интервју во живо, програмата беше прекината 20 минути

од Stefanija Kuzmanovska
121 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кому му претстојат најнеизвесни избори во неговото 20-годишно владеење, синоќа прекина телевизиско интервју поради стомачни проблеми. Ердоган имаше интервју во живо на турска телевизија кога програмата беше прекината на околу 20 минути бидејќи на турскиот претседател ненадејно му се слоши, јави Би-Би-Си.

Камерата се затресе, а репортерот кој го поставуваше прашањето стана од столот. Неидентификуван глас се слушна како зборува од зад камерите. Ердоган набрзо се врати пред камерите и им се извини на гледачите, признавајќи дека размислувал да го откаже интервјуто.

Почетокот на интервјуто доцнел час и половина

„Работевме напорно вчера и денес. Затоа добив стомачен вирус… Барам прошка од вас и од нашата публика“, рече тој.

Инаку, интервјуто почна со час и половина задоцнување поради предизборните активности на Ердоган.

„Се разбира дека одвреме-навреме се соочуваме со проблеми во услови на толку напорен распоред“, рече Ердоган.

„Фала му на Бога, нашиот претседател е во добра здравствена состојба“, напиша на Твитер портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин по инцидентот.

На 69-годишниот Ердоган, кој е на власт од 2003 година, му претстои тешка политичка битка на изборите на 14 мај, пишува „Политико“.

Слични содржини