Девет лица се приведени во најновата акција на МВР во која е сузбиена група поврзана со терористички структури од Сирија и други боишта.

Тие учествувале во странски војски, паравоени и параполициски формации или врбувале и ангажирале лица преку социјалните мрежи и друга комуникација
По 27 МВР се уште трага по денешната антитерористичка акција против осомничени структури на исламската држава во Македонија.
Според информациите на МВР околу 130 македонски државјани учествувале во воените жаришта, а дел од нив се се уште таму.
Во ноќешната акција наречена „Ќелија“извршен бил претрес во 28 објекти, од кои 21 се во Скопје, четири во Гостивар и по еден во Тетово, Куманово и Струга. Претресувани се домови, помошни простории на џамијата Тутунсуз во Скопје, како и невладините „ Искра на милоста“ и „Исламска младина на Сарај“. МВР е на трага на уаосените од септември 2014 а собирањето докази траелo до јули годинава.
Министерот Митко Чавков пред малку изјави дека е упасен еден Имам од Скопје кој се смета за еден од идеолозите за регрутирање и организирање на мрежата.
Чавков вели дека за акцијата претходно е известена и Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ), која неколку пати досега апелираше да се интервенира во џамии кои не се под нивна контрола.
Во акцијата која се овивала во 3 ипол часот утринава одземени се десетици десктоп компјутери, лаптопи, мобилни, сим картички, потврди за трансфер на пари, како и еден пиштол.
Осомничените се на возраста од 19 до 45 години, а МВР има докази дека дел од нив се поранешни учесници во боиштата.