(ВИДЕО) Над 19 милиони гледачи го гледале сослушувањето на поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми пред Конгресот на САД

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Околу 19,5 милиони гледачи го гледале на телевизија сослушувањето на поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми, пред сенатската комисија што се одржа во четвртокот, велат податоците на рејтинг агенција Нилсен (Nielsen), цитирана од агенциите и Ројтерс.

Тоа е многу голем интерес за настан што се случува во текот на денот, но сепак резултатот е послаб во споредба со инаугурацијата на претседателот на САД Доналд Трамп во јануари, која тој настан привлече вниманието на 30,6 милиони телевизиски гледачи.

Студијата на Нилсен ги вклучува луѓето, кои го гледале сослушувањето на Коми на 10 американски телевизии и кабелски компании, но не и оние кои го следа настанот на компјутери или мобилни телефони.

Телевизиите ги прекинаа редовни програми со цел директно да ја пренесуваат тричасовната изјава на Коми за разговорите со Трамп пред претседателот да го отпушти во мај месец.
Повеќето телевизиски гледачи биле над 55-годишна возраст. Најголема публика собрала телевизијата Еј Би Си (околу 3 милиони луѓе).