
Светските медиуми покажаа некои од најинтересните и љубопитни случки од самитот на НАТО, кои се збиднаа во Брисел. Првично се појави веста за силното ракување на францускиот претседател Макрон.
Кога тој се виде со американскиот колега Доналд Трамп и толку силно му ја стисна раката. Интересно е дека Белата куќа се пофали со здравата рака, на која до сега само таџигистанскиот колега издржал. Исто така од Брисел пристигна и моментот кога генералниот секретар на Алијансата ги повика сите гости – лидери на земјите да дојдат на средбата.

Но, тогаш американскиот командант го турна на премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, за да застане на предна позиција.
#Brisel #NATO Američki predsjednik hoće da bude u centru pažnje: Kako se Tramp “uplašio” Markovićahttps://t.co/53tuQy5iIc pic.twitter.com/BX9UPBTntw
— Cafe del Montenegro (@cafemontenegro) May 25, 2017
Ова видео кое беше објавено “на Твитер” брзо собра речиси 10 илјади прегледа. Претседателот на Португалија пак грубо го наруши протоколот. По претходното сценарио последен на средбата требаше да пристигне токму Доналд Трамп кој се појавува во улога на најважниот гостин. Но, Марселу Рибелу ди Соза сепак се појави по американскиот претседател.